Top Sport

Пардју си замина од ЦСКА Софија откако на фудбалерите им биле фрлани банани

Британскиот тренер Алан Пардју си даде оставка од позицијата тренер и технички директор на бугарскиот клуб ЦСКА Софија откако навивачите на клубот фрлале банани кон своите црни фудбалери.

60-годишниот Пардју беше именуван за постојан тренер само пред 34 дена и планирал да продолжи со клубот по поразот во финалето на Бугарскиот куп од Левски Софија, но сега си заминува во знак на протест откако четири црни фудбалери биле мета на расистички навреди и кон нив биле фрлани банани на мечот о Ботев Пловдив. Пардју си заминува заедно со својот помошник Алекс Даер.

„Настаните пред и по мечот со Ботев не беа прифатливи за мене, за мојот асистент Даер и за нашите фудбалери. Малата група на организирани расистички фанови се обидоа да направат саботажа и не сакам да претставувам нив.  Ова не е вистинскиот начин за ЦСКА бидејќи клубот заслужува повеќе. Сакам да се заблагодарам на сопствениците Гриша и Дани Ганчев за нивните напори да го водат клубот и покрај сите предизвици. За жал мојот пат тука завршува“, вели поранешниот менаџер на Вест хем и Кристал палас.

Пардју беше именуван за технички директор на клубот во ноември, по што од април го водеше тимот како тренер.

Scroll to Top