Top Sport

Шакира и Пике ја потврдија разделбата по неверството на фудбалерот

Колумбиската поп-дива, Шакира потврди дека се разделува со фудбалерот на Барселона, Жерард Пике по 11 години заедно. Ова доаѓа по шпекулациите во шпанските медиуми дека Пике и бил неверен на 45-годишната партнерка

„Жалиме што мораме да потврдиме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои секогаш се прв приоритет, ве молиме да ја почитувате приватноста“, се вели во соопштението на Шакира објавено преку нејзиниот публицист.

35-годишниот Пике уште нема објавено ништо, ниту одговорено на обвинувањата на шпанскиот печат дека ја мамел Шакира со 10 години помлада жена. Таблоидите објавија дека Пике подолго време живее сам во стан во центарот на Барселона, каде што бил забележан на забави со својот млад соиграч Рики Пуиг.

Пике и Шакира се сретнаа кога колумбиската пејачка го снимаше спотот за песната „Вака Вака“, официјалната химна на Светското првенство во Јужна Африка во 2010. Нивниот прв син, Милан се роди во 2013 година, а вториот син Саша во 2015 година.

Scroll to Top