Top Sport

Градимир Чаневски потпиша за израелскиот Макаби Ришон Лезион

Македонскиот ракометен голман Градимир Чаневски замина во Израел и во иднина ќе го брани голот на Макаби Ришон Лезион. Тој одлучи да го прифати интернационалниот предизвик и потпиша двегодишен договор со новиот клуб. Станува збор за еден од двата најдобри тима во израелскиот шампионат.

Чаневски минатата сезона го носеше дресот на Бутел Скопје, а таму дојде од тимот на Еурофарм Пелистер.

Макаби Ришон Лезион има 16 шампионски титули на Израел, како и десет трофеи во Купот на оваа земја.

Scroll to Top