Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е блиску до договор со турскиот шампион Трабзонспор. Иако има актуелен договор со Ал Ахли, сепак, раководството на Трабзон е подготвено да плати отштета и да го доведе Алиоски како засилување за следната сезона.
Трабзонспор по пауза од 38 години успеа да освои шампионски трофеј во турската Суперлига, а сега ќе следи и настапот во Лигата на шампионите.
Тоа е одличен мотив и за македонскиот репрезентативец да одлучи да се врати во Европа.