Top Sport

Стипе Мандалиниќ го напушти Еурофарм Пелистер и потпиша за АЕК Атина

Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ, следната сезона ќе настапува во тимот на АЕК Атина. Тој две сезони го носеше дресот на битолскиот тим, но очигледно дека по разочарувачката сезона одлучи да замине. Негов нов предизвик ќе биде Грција и АЕК.

Хрватскиот лев бек потпиша договор на една сезона со тимот што беше ривал на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа.

Мандалиниќ ја почна кариерата во Котекс Сплит, пред да заигра за Загреб и Карловац. Потоа се пресели во бундеслигашот Фуксе Берлин, од каде што дојде во Македонија. За Еурофарм Пелистер постигна 126 погодоци во двете сезони во Лигата на Европа.

Scroll to Top