УЕФА подготвува ново натпреварување кое би започнало пред Лигата на шампионите и би послужило како вовед во сезоната, открива „Марка“. Овој мини – куп треба да започне во 2024 година, како и новиот формат на Лигата на шампионите кој беше одобрен минатиот месец.
На турнирот треба да настапат четири клуба, меѓу кои и победникот во Лигата на шампионите, а би се одржувал во САД.
Суперкупот на Европа не би се укинал, туку треба да го играат победниците во Лига Европа и Конференциска лига. Досега во него играа победниците во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.