Пол Погба веќе го реализирал своето враќање во Јувентус, потпишувајќи четиригодишен договор по заминувањето од Манчестер јунајтед, тврди „ЕСПН“, а мотивите за трансферот ќе бидат детално објаснети во документарецот „Погментари“ кој во петок ќе се објави на „Амазон“.
29-годишниот Погба вторпат пристигнува во Торино како слободен играч, откако во 2012 си замина од Јунајтед како слободен играч, за во 2016 година, „ѓаволите“ да платат 100 милиони евра за неговиот камбек на „Олд Трафорд“.
Според „ЕСПН“, Погба го избрал Јувентус откако го отфрлил интересот од англиските шампиони Манчестер сити, а заинтересирани беа и во Пари Сен-Жермен.