Top Sport

Навивачите го пречекаа Меси на аеродромот во Барселона

Навивачите на Барселона покажаа дека уште имаат голема љубов кон Лионел Меси, откако го пречекаа него и неговото семејство на аеродромот при нивното враќање во градот, 10 месеци откако ги напушти и замина во Пари Сен-Жермен.

Денеска, Аргентинецот пристигна во каталонската престолнина со својата сопруга Антонела и трите деца, бидејќи очигледно летните месеци ќе ги помине во својот дом во Барселона.

Поранешниот капитен на „Блауграна“, дури најде време да застане и да подели неколку автограми на навивачите со дресовите со неговото име на грбот.

Scroll to Top