На Вимблдон, за разлика од Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе бидат на различната страна на ждрепката, откако гренд слемот на трева потврди дека тие двајца се прв, односно втор носител на турнирот.
Бидејќи светскиот број 1, Данил Медведев не смее да настапи по одлуката на Олд Ингланд клубот да не им дозволи настап на руските и белоруските тенисери на гренд слемот, а светскиот број 2, Александер Зверев е во аут по повредата на скочниот зглоб од Ролан Гарос, најмногу корист добија ветераните, кои нема да може да се сретнат до финалето.
Кај жените пак, најмногу се очекува од камбекот на 23-кратната гренд слем шампионка, Серена Вилијамс, која нема да биде носител и игра со вајлд-карта по долгата пауза поради повреда. Светската тенисерка број 1, Полјачката Ига Швјонтек ќе биде прва носителка.
Ждрепката за турнирот е в петок, а шампионатот почнува во понеделник.
Top ? seedings
? Gentlemen’s singles#Wimbledon pic.twitter.com/JwDWfypDMu
— Wimbledon (@Wimbledon) June 21, 2022
Introducing the top 10 ladies' singles seedings… #Wimbledon pic.twitter.com/C26xqAlbyZ
— Wimbledon (@Wimbledon) June 21, 2022