Ливерпул влезе во трката со Манчестер Сити за ангажманот на англискиот репрезентативец Калвин Филипс. „Црвените“ ја израмнија понудата на Сити од 50 милиони фунти, плус дополнителни 10 милиони бонуси, за Лидс Јунајтед да го дозволи трансферот.
Менаџерот Јирген Клоп сака уште еден квалитетен играч за врска, но и Пеп Гвардиола бара замена за Фернандињо и за Илкај Гундоган.
Калвин Филипс е дете на Лидс, израсна во одличен фудбалер и на 26 години е вистинско време за голем трансфер. Сега има две опции, Манчестер Сити и Ливерпул.