Флојд Мејведер Јуниор и Конор Мекгрегор се во преговори за римеч по милионската пресметка во 2017 година, меч кој би можел на Мејведер да му донесе нови 100 милиони долари, јавува „Фајт хајп“.
Мејведер стигна до технички нокаут во 10. рунда во последниот професионален боксерски меч во кариерата во „Т-Мобиле арената“ во Лас Вегас, што во исто време беше прв професионален меч за УФЦ ѕвездата Мекгрегор. Мекгрегор, кој уште се опоравува од скршеницата на ногата добиена во последниот меч во кафезот против Дастин Поаире, веднаш даде одговор на социјалните мрежи, најавувајќи: „Прифаќам!“.
Првиот меч меѓу двајцата донесе над 1 милијарда долари во приходи, но и многу критики од боксерските фанови кои сметаа дека се работи за бесрамна егзибиција.
Sources: @FloydMayweather and @TheNotoriousMMA are currently in talks for a potential rematch. If it happens, expect Mayweather to pocket another 9-figure payday. #MayweatherMcGregor2
— FIGHTHYPE.COM (@fighthype) June 23, 2022