Финецот Кале Рованпера стигна до својата четврта победа оваа сезона, триумфирајќи на Кениското Сафари рели за да го зголеми водството во генерален пласман во Рели ВРЦ шамшпионатот.
Ова е четврт пласман на подиумот во последните шест трки за 21-годишниот Рованпера, и до неа дојде иако тој во петокот ја преврте својата Тојота на супер-специјалната етапа во близината на Најроби. Тојота доминираше на релито, откако Британецот Елфин Еванс заврши на второто место со 52.8 секунди заостанување, а Јапонецот Такамото Кацута беше трет со 1:42.7 послабо време.
„Фантастично е да се победи на Сафари. Ова беше можеби најтешкото рели во кое сум учествувал, и благодарност до нашиот тим кој беше совршен“, изјави Рованпера.
Минатогодишниот победник, шампионот Себастиен Ожие беше четврт со повеќе од две минути заостанување. Ова е првпат Тојота да стигне до 1-2-3 победа од таа на сонародникот на Рованпера, Јуха Канкунен во 1993 година. Рованпера исто така успеа да биде подобар од неговиот татко Хари, кој беше втор на релито во 2002 година зад Колин Мекри.
Рели ВРЦ шампионатот продолжува со Естонското рели од 14 јули.