Top Sport

Спартак Москва се прости со Џордан Ларсон со епско „тролање“

Рускиот фудбалски клуб Спартак Москва, не успеа да се возддржа и со „боцка“ го испрати Џордан Ларсон, синот на шведската фудбалска легенда Хенрик Ларсон, кој си замина од клубот користејќи го правилото на ФИФА.

25-годишниот Ларсон имаше одлични први две сезони со Спартак по трансферот од Норкопинг во 2019 година, постигнувајќи 15 гола во 2021 година, но минатата сезона, тој во 17 меча во Руската Премиерлига не успеа да даде ниту еден гол, пред во април да замине како позајмен фудбалер во АИК Стокхолм. Сега, тој ја искористи одлуката на ФИФА да дозволи странските фудбалери да ги „суспендираат“ дговорите со руските клубови за новата сезона, и го раскина договорот со Спартак.

На „Телеграм“, Спартак не покажа милост, прикажувајќи го Ларсон како „Агент 007“ – 0 голови, 0 асистенции, 7 интервјуа.

Scroll to Top