Top Sport

Интернационалната федерација му нуди часови по шах на Диего Симеоне

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне беше предмет на потсмев на социјалните мрежи, откако сподели фотографија на која игра шах со својот син, напаѓачот на Верона, Џовани Симеоне, откако се забележува дека тој игра без крал, а шаховската табла е обратно поставена.

На својот Твитер профил тој ја објави фотографијата од одморот на Малдиви со порака: „Семеен одмор со семејството Симеоне. Чоло и Џио во дуел кој бара многу концентрација“.

Фановите беа безмилосни во своите коментари, бидејќи, нормално без крал не се игра шах, а на сеирот се приклучи и Интернационалната шаховска федерација која му понуди „основни лекции“.

„Ве молиме кажете им дека кога ќе се вратат во Мадрид со задоволство ќе им понудиме лекции по шах и ќе ги поканиме на Кандидатскиот турнир, кој во моментов се оддржува во градот“, велат од ФИДЕ.

Scroll to Top