Легендата на италијанскиот фудбал, а сега тренер на турскиот Карагумрук, Андреа Пирло најверојатно ќе остане без 500.000 евра кои ги дал како капар за купување на вилата „Версилија“ во Форте деи Марми, откако судот ја запленил вилата која била во сопственост на руски олигарх, тврди „Ла национе“.
По руско-украинската војна, италијанските власти почнаа да запленуваат вили и јахти на руски милијардери кои имаат врска со рускиот претседател Владимир Путин, меѓу нив и неименуваниот руски милијардер кој купил две вили во Форте деи Марми.
43-годишниот Пирло, кој го платил капарот на 30 мај и треба да доплати уште 2.5 милиони евра до 31 август, ќе остане без своите пари и својата скапа вила.