Top Sport

„Раѓа како вистински лидер треба да не води против Гибралтар и Сан Марино“

Хрватска е се уште во шок по елиминацијата на кошаркарската репрезентација од квалификациите за пласман на Светското првенство. Финска ја победи Хрватска во Риека со 81:79 и заедно со Шведска и Словенија ќе ги продолжи квалификациите. Натпреварите во оваа група Хрватска ги заврши со само една победа.

Јавноста и навивачите по дебаклот бараат оставки од челните луѓе на Кошаркарскиот сојуз на Хрватска.

Поранешниот хрватски кошаркар и селектор Александар Петровиќ, со доза на иронија го критикуваше претседателот на стурчниот совет на Сојузот Дино Раѓа.

„Гледам дека е постигнат консензус околу заминувањето на Раџа. Мислам дека тој треба да остане како вистински претседател на Стручниот совет за да биде лидер на патот во претквалификациите во Гибралтар, Сан Марино, Луксембург или каде и да не однесе ждрепката“, напиша Петровиќ на својот Твитер профил.

Хрватска на почетокот на септември годинава ја очекува настап на Евробаскетот каде во Милано ќе игра во групата Ц.

Scroll to Top