Фудбалерот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс преку социјалните мрежи објави дека во иднина ќе настапува за фудбалската репрезентација на Гана, откажувајќи се од шансата да игра за Шпанија.
28-годишниот напаѓач е роден во Билбао, откако неговите родители ја поминаа пустината Сахара на нозе барајќи шанса за подобар живот во Европа. Атлетик Билбао во својата 124-годишна историја во клубот примаат само фудбалери кои се Баскијци или родени во Баскија, Вилијамс стана само вториот црн фудбалер на клубот.
„Секој чекор кој го правиме има свое значење. Еволуција. Поглед кон иднината кој оставаа трага. Моите родители ме воспитаа со вредности на скромност, љубов и почитување. Ме научија да го прифатам животот. Во тој постојан обид да се расте, професионално и индивидуално. Затоа сметам дека е време да го пронајдам моето потекло со Гана и Африка што ми значи многу мене и на моето семејство. Денеска е нов предизвик. Од денеска ќе го бранам дресот на Гана со цело срце. Јас сум еден од ‘Црните ѕвезди’“, објави Вилијамс.
Тој беше повикан во шпанската репрезентација од страна на тогашниот селектор Висенте дел Боске и одигра еден пријателски меч со Босна и Херцеговина. Неговиот помлад брат, Нико, кој исто така игра за Билбао, уште не објавил дали ќе го следи примерот на неговиот брат.
??? @ghanafaofficial pic.twitter.com/t5cSzOcIfB
— IÑAKI WILLIAMS (@Williaaams45) July 5, 2022