Top Sport

ЖФК Љуботен доведе две Бразилки за квалификациите во ЛШ

Актуелниот женски фудбалски првак на Македонија, тимот на ЖФК Љуботен, доведе две нови засилувања за настап во квалификациите на ЛШ. Се работи за бразилски интернационалки.

Чеури Гоја е напаѓач и важи за одличен стрелец, а има искуство во европскиот фудбал со оглед дека настапуваше за Спартак Суботица, додека Мајса Делгадо Бенедито ќе биде засилување за одбраната.

Како што најавуваат од ЖФК Љуботен, ова е само почеток на серијата нови засилувања на тимот за претстојните квалификации за настап во Лигата на шампионките.

Scroll to Top