Напаѓачот на Шкендија, Марјан Радески, ќе пропушти голем дел од претстојната сезона, поради повредата на лигаментите во коленото.
Радески, се повреди минатата недела, на реванш натпреварот, од првото квалификациско коло против ТНС во Велс.
Прегледот направен со магнетна резонанца, покажал дека репрезентативецот ги скинал лигаментите во коленото. Оваа повреда ќе го оддалечи Радески од фудбалските терени во период од шест до девет месеци.
Клубот објави дека во наредните денови Радески ќе биде опериран, по што ќе го започне процесот на рехабилитација.
фото: kfshkendija.com