Германскиот првак Баерн Минхен паралелно работи на засилување на сите линии во тимот. Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ отпатува во Торино на преговори со Јувентус за анажман на холандскиот дефанзивец Матијс де Лихт, а баварскиот клуб истовремено упатил понуда и за младата ѕвезда на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс. Германците посакуваат токму тој да биде наследник на Роберт Левандовски кој ова лето сака да се пресели на „Камп Ноу“.
Жоао Феликс немаше добра сезона во редовите на Атлетико Мадрид, па тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, се надева дека би можел да го извлече најдоброто од него на „Алијанц арена“.
Баерн Минхен испратил понуда вредна 80 милиони евра, а во пакетот е и десниот бек Бенџамин Павар.
Сепак, Атлетико Мадрид ја одбил оваа прва понуда на Баерн Минхен, откриваат шпанските медиуми.