Македонскиот прволигаш Ренова најверојатно ќе биде дел од елитното друштво и следната сезона откако раководството води сериозни преговори со спонзор од Австрија финансиски да го помогне клубот. Ова лето клубот им порача на фудбалерите да си побараат нова средина и имаше најави дека Ренова можеби ќе се откаже од настапот во Првата лига.
Сепак, најновиот развој на случувањата во клубот од Џепчиште е позитивен и доколку биде склучен договор за спонзорство тогаш Ренова ќе остане дел од македонската фудбалска елита.
Официјалниот термин за почетокот на новата сезона во Првата лига се уште не е познат, но најверојатно ќе се стартува на 8 август.