Top Sport

Ѓоковиќ ги отвора терените на „босанските пирамиди“

Среда во Високо, но и низ Босна и Херцеговина, ќе биде во знакот на тенисот. На отворањето на тенискиот комплекс доаѓа седумкрикратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ, а друштво ќе му прават Аљаж Бедене, Иван Додиг и Алдин Шеткиќ.

Српскиот тенисер ќе настапи во егзибициски меч во Високо во рамки на отворањето на тениските терени во археолошко-туристичкиот парк „Равне 2“ кај таканаречените „босански пирамиди“.

Ѓоковиќ ќе игра во двојки со босанскиот тенисер Алдин Шеткиќ против Хрватот Иван Додиг и Словенецот Аљаж Бедене.

Програмата во Високо започна во 10 часот со дуелите на кадетските селекции на Босна и Херцеговина, Србија, Италија, Словенија, Хрватска и Македонија.

Ѓоковиќ треба да излезе на теренот околу 16:00 часот.

Еден од најдобрите тенисери во историјата последниве години е чест гостин во Високо, речиси редовно го посетува археолошкиот парк по големите турнири.

 

Scroll to Top