Top Sport

Пидкок стана најмладиот победник на легендарната Алп Д’Уе, нападите на Погачар не успеаја!

Британскиот олимписки шампион во маунтбајк, Том Пидкок совршено ја комплетираше својата транзиција на улични трки, победувајќи на митското искачување на Алп Д’Уе на 12. етапа на Тур де Франс, која се возеше на националниот празник на Франција, Денот на Бастилја.

Велосипедистот на Инеос Гренадирс, нападна со уште четири велосипедисти на 10 километри пред крајот, за во финишот да биде 48 секуни пред Луис Меинтјес (Интермарш), додека трет беше поранешниот шампион Крис Фрум (Израел-Премиер Тек) со 2 минути послабо време.

„Искрено, не знаев што да правам. Не знам дали отидов пресилно и дали ќе имам сила на крајот. Но, ова беше едно неверојатно искуство. Нешто што не се опишува“, изјави 22-годишниот Пидкок по победата на најлегендарната етапа на француската класика.

Во борбата за генералниот пласман, Јонас Вингегард успеа да ја заддржи предноста пред шампинонот Тадеј Погачар, кој неколку пати се обиде да нападне и да направи предност, но на крајот не успеа во третата последователна етапа на Француските Алпи.

Scroll to Top