Роберт Левандовски го напушти Баерн, но Баварците успеаја да го задржат во клубот крилниот напаѓач, Серж Гнабри. Репрезентативецот на Германија се поврзуваше со лондонските клубови Челси и Арсенал.
Гнабри, една година пред истекот на договорот, потпиша нов, до јуни 2026 година. Успеа да добие гаранции дека ќе има важна улога во тимот и дека ќе биде меѓу играчите со најголема плата.
Годишно на Гнабри Баерн ќе троши 19.000.000 евра.