Македонскиот првак Шкупи во вторник ќе му гостува на хрватскиот шампион Динамо Загреб во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Првиот натпревар се игра на „Максимир“ во Загреб, а офанзивецот на Шкупи, Валид Хамиди, верува дека тимот може да оствари позитивен резултат.
„Во Загреб треба сите да го дадеме максимумот бидејќи овој натпревар е многу важен за нас. Јасно е дека Динамо Загреб е сериозен тим кој располага со голем квалитет, но во фудбалот секој може да победи секого. Драго ни е што овојпат ќе имаме поддршка и од нашите верни навивачи кои ќе дојдат во Загреб. Верувам дека можеме да се вратиме со позитивен резултат“, изјави Валид Хамиди.
Динамо Загреб ќе го пречека Шкупи на „Максимир“, во вторник, со почеток во 21 часот.