Top Sport

Навивачите на Партизан ги „пееја“ фудбалерите и побараа оставки од клупските челници

Фудбалерите на Партизан лошо ја започнаа новата сезона. По три одиграни натпревари тие имаат само пет бода.

Партизан запиша победа во првото коло, проти Јавор, а потоа играше нерешено во Ниш, против Раднички и синоќа на домашен терен против ТСЦ од Бачка Паланка.

По киксот против ТСЦ, фудбалерите на Партизан застанаа пред јужната трибина, навивачите, познати под името „Гробари“ имаа што да им кажат на фудбалерите.

Во текот на натпреварот, од јужната трибина ечеше од свирежи. „Гробарите“ истакнаа и парола со која побараа челниците да си поднесат оставки.

 

Scroll to Top