Top Sport

Премиерлигата за првпат ќе биде предводена од жена

Англиската фудбалска Премиерлига ќе биде предводена од жена за првпат во својата историја од почетокот на следната година кога Алисон Британ ќе ја преземе претседателската функција, објави организацијата по едногласната одлука на клубовите.

Британ е извршен директор на компанијата за хотели и ресторани „Вајтбрејд“ и претседател на компанијата за мебел „Дунелм“. Таа ќе го напушти „Вајтбрејд“ на почетокот на 2023 година за да го наследи Питер Мекормак во Премиерлигата. Тој беше привремена замена за Гери Хофман, кој го напушти договорот за акциите на Њукасл.

„Од дете сум поддржувач на фудбалот и среќна сум што сум избрана за претседателка на Премиерлигата. За мене ќе биде привилегија да помогнам во спроведувањето на идните планови и да работам со клубовите. Наша задача е да постигне долгорочна стабилност и успех“, изјави Алисон Британ.

Scroll to Top