Френки де Јонг одбива да ја напушти Барселона, па поради тоа можеби колатерална жртва ќе биде голманот Марк-Андре Тер Штеген. Финансиската состојба во клубот наложува на понатамошни потези откако пристигнаа Левандовски, Рафиња, Кристенсен и Кеси.
Ќе биде бурно во Каталонија, Барса го притиска Де Јонг да прифати намалување на платата за 50% или да биде продаден, а неговиот агент се уште ги отфрла сите опции.
Ако си замине Тер Штеген, тешко дека клубот ќе успее да најде сличен голман на пазарот. Од „Камп Ноу“ мора да си замине и Мемфис депај, а тренерот Чави порача дека нема да смета и на Мингеза, Нето, Умтити, Брајтвајт и на Пуиг.