Младата кошаркарска репрезентација на Македонија загуби од Велика Британија со 79:81 во драматична завршница на Европското првенство до 18 години што се одржува во Измир. Избраниците на Тони Симиќ имаа водство од 62:61 и напад на една минута пред крајот, но не се снајдоа најдобро во финишот, а ривалот постигна две тројки со кои го доби мечот.
Теодор Симиќ со 19 поени беше најефикасен во македонскиот тим, а по 14 поени постигнаа Шошкиќ и Стојановски.