Top Sport

Гвардиола го посакува Артур во тимот на Манчестер Сити

Англискиот првак Манчестер Сити е заинтересиран да го доведе играчот од средниот ред на Јувентус, Артур Мело. Менаџерот Пеп Гвардиола бара замена за Илкај Гундоган, чиј договор истекува следното лето.

Артур беше отпишан во Јувентус бидејќи тренерот Масимилијано Алегри не смета на него. За него постои интерес и од Арсенал, но Гвардиола верува дека лесно ќе го убеди да дојде на „Етихад“ во шампионскиот тим на Сити.

Манчестер Сити го загуби првиот трофеј оваа сезона, откако Ливерпул славеше против „граѓаните“ со 3:1 за „Комјунити Шилд“.

Scroll to Top