Top Sport

Младите кошаркари убедливо поразени од Холандија

Кошаркарската репрезентација на Македонија, играчи до 18 години, забележа пораз од Холандија 62:84, во второто коло на Европското првенство „Б“ дивизија, што се одржува во Скопје.

Јуниорите, вчера, забележаа драматична победа 62:60 против Исланд, но денес немаа сила да им се спротивстават на врсниците од Холандија.

Холанѓаните, од почетокот го наметнаа својот стил на игра, по првиот период стекнаа предност од 14 поени (8:22), а потоа со доминација во сите сегменти на играта само ја надоградуваа предноста.

Андреј Јакимовски беше најдобриот играч во македонската селекција со 17 поени и шест скока, додека Холандија ја предводеше Нејтан Кута со 23 поени и девет скока.

Утре од 18:45 јуниорите ги очекува дуел против репрезентацијата на Луксембург.

фото: mkf.mk

Scroll to Top