Top Sport

Хана Шмиц, дамата која ги надмудрува Ферари оваа сезона!

Макс Ферстапен, по неверојатната победа на Унгарското ГП минатиот викенд, во кој тој стартуваше од 10. место, актуелниот светски шампион изјави дека најзаслужна за та е Хана Шмиц, главниот инжинер за стратегии на Ред бул, велејќи дека таа е „лудо смирена“ личност.

Ред бул планираа да стартуваат со двајцата возачи на тврди гуми, за да можат да имаат подолг прв престој на патеката и да скокнат од 10. и 11. позиција. Но, поради невообичаено ниските температури во Унгарија, тимот се реши да стартува на меки гуми, нешто што беше клучно за победата на Ферстапен.

Од друга страна, ривалите на Ред бул, Ферари направија грешка кога поставија тврди гуми при влегувањето во боксот на Шарл Леклер, нешто што ги чинеше победа и подиум. Ферстапен вели дека е воодушевен од смиреноста на Шмиц и вистинската проценка.

„Не смееш да си дозволиш многу грешки. Секако, тешко е секогаш да си во право, но мислам дека имаме многу фантастични момци и девојки во тимот. Денеска, сигурно Хана, нашиот главен стратег беше лудо смирена. Да, таа е навистина толку добра“, изјави Ферстапен по трката.

Британката Шмиц, која е во Ред бул веќе 13 години, оваа година имаше уште една фантастична проценка со кој помогна Серхио Перез да стигне до победата во Монако, но вели дека Ф1 е „колективен“ спорт.

„Ние сме еден тим, така што во текот на целиот викенд има соработка меѓу сите, се разгледуваат сите опции и ставови. Не секогаш се најважни податоците и бројките. Возачите имаат свое чувство во болидот, така што и нивниот глас мора да се слушне, а тркачките инженери имаат поинакви податоци од тие кои ја прават стратегијата. На крајот, ние ја носиме главната одлука. Во Унгарија беше интересно бидејќи беше класична стратегија, ‘андеркатот’ ни успеа и тоа беше возбудливо. Макс вели дека сум смирена? Па, да останеш смирен е најважно за секого кој први стратегија“, вели Шмиц за „Скај спортс“.

Scroll to Top