Спринтерот од Боцвана, Летсиле Тебого го сруши сопствениот рекорд на 100 метри, поставувајќи време од 9.91 секунди за злато на Светското првенство до 20 години во Кали, Колумбија.
19-годишниот тинејџер веднаш беше споредуван со јамајчанската спринтерска легенд, Јусеин Болт, по ексползивната трка во кој стигна убедливо до победата и стана најбрзиот човек во историјата по 20 години. Споредбата со Болт е прикладна бидејќи неговата доминација беше толку голема што имаше време и да се сврти кон публиката.