Првата фудбалска лига на Македонија ќе стартува претстојниот викенд, но во понудата ќе има само три натпревари. Првото коло нема да биде комплетно. Одложени се натпреварите на Шкупи и на Шкендија, кои утре ќе имаат гостување во Стокхолм, односно во Даблин, во европските купови.
В сабота првенството почнува со натпреварот Струга Трим Лум – Победа. В недела ќе се играат натпреварите Силекс – Работнички и Академија Пандев – Брегалница. Сите дуели стартуваат во 17.30 часот.
Македонија ЃП е слободна поради откажувањето на Ренова од настапот во Првата лига.
Шкендија во првото коло ќе игра против Скопје, но наместо викендов, тој меч е закажан за 17. август, а Шкупи својот меч против Тиквеш на гости ќе го игра на 7. септември.