Раководството на Интер е пред договор со Тотенхем за ангажман на дефанзивецот Јафет Танганга. Како што пренесува „Кориере дела Сера“, Интер е блиску до потпис со играчот кој Милан го посакуваше во овој преоден рок.
Имено, „нероаѕурите“ треба да ја пополнат дупката во одбраната со заминувањето на Ранокија.
Изборот падна на стоперот на Тотенхем, кој го бараше и Милан.
Јафет Танганга е роден во 1999 година, тој е дете на лондонскиот клуб, а договорот со Тотенхем му истекува во летото 2025 година.