Top Sport

Шаќири: Шкендија дојде по позитивен резултат во Стокхолм

Македонскиот претставник Шкендија дојде во Стокхолм да остане непоразена против АИК. Така размислува тренерот Артим Шаќири, кој, сепак, напомена дека домашниот тим е фаворит на утрешниот прв меч.

„Имаме информации за АИК. Ги анализиравме, секако дека се работи за квалитетен тим. Мислам дека нападот им е посилна страна, но затоа мислам дека можеме да ги искористиме нивните слаби страни во одбраната. Се надевам дека ние ќе одиграме добар натпревар, во таков случај можеме да се надеваме на позитивен резултат“, изјави Шаќири.

Утрешниот меч на „Френдс арена“ е закажан за 19 часот.

Scroll to Top