Македонската женска кадетска репрезентација ремизираше (20:20) против Шведска и направи голем чекор напред кон пласман во четврт-финалето на Светското првенство кое се одржува во Скопје.
Шведска на почетокот поведе со 6:2, но потоа следеше серија на Македонија, која на полувреме замина со предност од 12:10.
И во вториот дел беше неизвесно, а Македонија израмни на пет секунди до крајот со голот на Дукоска.