Top Sport

Младите кошаркари декласирани од Шпанија, утре против Грците

Mашката јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија загуби убедливо (45:73) од Шпанија и ја заврши групната фаза од натпреварувањето на Европското првенство за кошаркари до 18 години, дивизија А.

Со овој натпревар официјално заврши првичната групна фаза, а сега следат натпреварите за разигрувањето до конечен пласман на Европското првенство. Македонските кошаркари утре ќе разигруваат против Грција (19:30) во првиот натпревар во борбата за пласман од 9. до 16. место на првенството.

Избраниците на Тони Симиќ беа комплетно инфериорни против Шпанија. Се држеа единствено во првата четвртина која ја загубија со 19:14, а на полувреме веќе имаа двоцифрена негатива (37:21).

Scroll to Top