Борусија Дортмунд го потврдија трансферот на ветеранот на Келн, Антони Модест како замена за Французинот Себастиен Але, кому по трансферот во Дортмунд му беше дијагнстициран рак на тестисите.
34-годишниот Французин Модест потпиша едногодишен договор со клубот, откако како потенцијални опции „испаднаа“ Мемфис Депај, Мауро Икарди, Единсон Кавни и Луис Суарез.
„Антони е вистински професионалец кој ja познава многу добро Бундеслигата, кој лани имаше 20 гола и има совршен профил кој го бара нашиот тренер Един Терзиќ“, изјави спортскиот директор на клубот, Себастијан Кел.
Според германските медиуми, Дортмунд ќе плати 5 милиони евра на Келн.