Белгискиот фудбалер Дрис Мертенс е новиот играч на Галатасарај, соопшти турскиот клуб.
Мертенс потпиша едногодишен договор со клубот од Истанбул, со можност за продолжување на соработката на уште една година.
Во својата досегашна кариера 35.годишниот напаѓач, меѓу другите, настапуваше и за Гент, Утрехт, ПСВ Ајндховен и Наполи, за кои настапува од 2013 година.
Тој стана најдобар стрелец на Наполи со 148 гола во 397 натпревари во сите натпреварувања. За репрезентацијата на Белгија забележа 105 настапи.
Минатата сезона Галатасарај го зазеде 13. место на табелата во турскиот шампионат, што е најлошиот пласман во историјата на клубот.