Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Хавиер Ернандез Чичарито, испрати јавна порака дека би сакал да се врати во клубот, па дури и да игра без плата, за да му помогне на тимот да излезе од сегашните проблеми. „Ѓаволите“ го имаат само Кристијано Роналдо во нападот по заминувањето на Единсон Кавани, бидејќи Антони Марсијал е повреден.
Ерик тен Хаг бара нов напаѓач, би сакал да го купи Коди Гакпо, но ПСВ Ајндховен за него бара 40 милиони евра отштета.
Чичарито е член на ЛА галакси, но прашање е дали 34-годишниот Мексиканец може да биде решението за проблемите на Јунајтед.
Многу поголем е Кристијано Роналдо и неговото однесување, а медиумите на Островот откриваат дека веќе се создава отпор и од соиграчите кон него и неговото однесување на „Олд Трафорд“.