Top Sport

Стартот на Втората фудбалска лига одложен за седум дена

Стартот на натпреварувањето во Втората фудбалска лига на Македонија е одложен за седум дена. Претстојниот викенд требаше да стартува единствената Втора лига, но Фудбалската федерација на Македонија официјално потврди дека стартот е одложен.

„Комисијата за натпреварување при ФФМ донесе одлука со која се одложуваат натпреварите од првото коло на ВМФЛ. Комисијата за натпреварување дополнително ќе го одреди терминот за одигрување на одложените натпреварите од првото коло во ВМФЛ“, соопштија од Фудбалската федерација на Македонија.

Сезоната ќе почне со второто коло, кое е закажано за 20 август.

Scroll to Top