И покрај тоа што никогаш не заигра покрај него во Барселона, бугарската фудбалска легенда Христо Стоичков имаше одлични односи со Диего Марадонаа и вели дека се чувствува виновен што не го заштитил од „мршојадците“ пред неговата смрт во 2020 на само 60 години.
Стоичков во интервју за „ЕСПН“ објаснува дека имал постојан контакт со Аргентинецот до 2016 година, по што никако не можел да го добие ниту н телефон.
„Ги имав сите негови телефонски броеви, но последен пат зборував со него на 2 или 3 февруари 2016. На 8 февруари ми се јави да ми го честита роденденот, и оттогаш не можев да го добијам. Секогаш спиеше, одмараше, беше на прошетка. Мислам дека не ми дозволуваа да зборувам со него. Кога си затворен на едно место и не можеш да зборуваш, што можеш да направиш? Се чувствувам виновен што не го одвоив од мршојааддците. Што не инсистирав повеќе поради нашето пријателство. Го гледав како страда многу, нека почива во мир“, вели Стоичков.