Барселона во финишот на летниот преоден рок би можела да го доведе Дани Олмо од Лајпциг. Се очекува каталонскиот клуб да понуди околу 60 милиони евра, а тоа треба да е доволно за бундеслигашот да се согласи на трансфер.
Олмо ја започна својата кариера во фудбалската школа на Барселона, но како тинејџер пристигна во Динамо Загреб, каде импресионираше со игрите.
Каталонецот стана најдобар играч на Динамо и ја искористи можноста да се докаже на европските натпревари. Доби понуда за трансфер во Лајпциг, а и таму игра во одлична форма.