Шкендија стигна до 1:0 гостинска победа кај Академија Пандев во дербито на третото коло во Првата лига, додека Струга со 2:1 беше подобра од Работнички за да го обезбеди првото место на табелата со три победи во три кола, и во исто време да ги „закова“ „романтичарите“ на последното место на табелата.
Човек на одлука беше Аденис Шаља, кој во 75. минута на мечот успеа да го постигне единствениот гол на мечот за три поени на тимот на Артим Шаќири.
Струга, пак, иако мечот го заврши со 9 играчи, стигна до тешка 2:1 победа над Работнички за трета победа во првите три кола на шампионатот. Мерџани ги донесе Струга во водство со убав гол по 15. минути игра, за Тодоровски да израмни во 25. минута, за Јусуфи да го реши победникот во 75. минута од мечот.
ПРВА ЛИГА, 3.КОЛО
Академија Пандев – Шкендија 0:1
Силекс – Скопје 3:1
Струга – Работнички 2:1
Тиквеш – Брегалница 1:1
Фото: ФК Шкендија