Шкендија е во третото квалификациско коло на Лигата на шампионите, откако на гостувањето во Молдавија одигра 0:0 против Шериф Тираспол, и со вкупни 1:0 минува понатаму каде што ги чека австрискиот шампион Ред бул Салцбург.
Победата од 1:0 со голот на Бесарт Ибраими од пред седум дена беше клучна за македонскиот шампион, откако во меч со малку шанси, Шериф не успеа да ја искористи предноста на домашен терен.
Ова е одличен успех на тетовци, но сега доаѓа вистинскиот предизвик, мечот со 12-кратниот австриски шампион, тим кој пет пати во низа беше на врвот во Австрија, а зад себе го има големиот спонзор Ред бул.
Фото: ФК Шкендија