Легендата на Арсенал и на францускиот фудбал, Тјери Анри, е последното големо име кое се поврза со италијанскиот прволигаш, Комо 1907, станувајќи акционер во тимот.
Комо привлече огромно внимание ова лето, откако потпишаа договор со ветеранот Цеск Фабрегас по неговото заминување од Монако, кога и поранешниот шпански репрезентативец стана акционер во клубот од Ломбардија, инаку во мнозинска сопственост на „Џарум групацијата“.
„Чекав проект како Комо долго време. Клуб со амбиција и клуб кој ги споделува моите вредности – дека за да расте клубот, треба расте локалната заедница.Кога зборував со тимот и ми кажаа за иницијативите за локалните жители и амбициите на клубот, знаев дека се работи за голема шанса за мене“, вели 45-годишниот Анри.
Поранешниот капитен на Челси, Денис Вајс, кој е генерален директор во клубот беше презадоволен.
„Големо задоволство е да му посакаме добредојде на Тјери Анри. Откако му ја објаснивме нашата визија и амбицијата да влеземе во Серија А, тој веднаш не поддржа“, вели Вајс.
Второтолигашот исто така го потврди трансферот на поранешниот фудбалер на Милан, Патрик Кутроне од Вулверхемптон на тригодишен договор. Поранешниот италијански репрезентативец е роден во Комо.
È tornato a casa! Como 1907 è lieta di annunciare l'ingaggio dell'attaccante Patrick Cutrone dal Wolverhampton con un contratto triennale ?⚪
➡ https://t.co/Tw8QzkczyU#como #Cutrone #calcio #serieb pic.twitter.com/TcdeaKm1G5
— Como1907 (@Como_1907) August 29, 2022