Агенцијата за млади и спорт ги објави добитниците на Државната награда „8 Септември“ за 2022 година од областа на спортот. Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Р. Македонија на меѓународен план, е доделена на Чедомир Николовски. Легендарниот борач, тренер и спортски работник во борењето добива награда за големиот придонес во развојот на спортот.
Наградата со која се оддава признание на спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот е доделена на Атанас Костовски, Зоран Карановиќ, Стојан Андриовски и на Ацо Јорданов.