Торино ја оствари третата победа во Серија А оваа сезона откако на домашен терен го победи Лече со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Никола Влашиќ во 40.минута од натпреварот. „Биковите“ по овој триумф се искачија на шестата позиција на табелата со 10 освоени бода.
Мергим Војвода успеа одлично да го пронајде Никола Влашиќ во 40.минута, а тој не згреши од изгледна позиција.