Њукасл се пред комплетирањето на трансферот на поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус по повредата на нивниот втор голман Карл Дарлоу и пуштањето на Мартин Дубравка на позајмица во Манчестер сити.
Дарлоу, кој е втор голман зад Ник Поуп, го повреди скочниот зглоб, така што на Њукасл им беше потребна замена, и Кариус ќе добие краткотраен договор откако стана слободен агент ова лето по крајот на договорот со Ливерпул.
29-годишниот Кариус беше „исфрлен“ од првиот тим на Ливерпул по катастрофалниот настап во финалето на Лигата на шампионите во 2018 против Реал Мадрид, кога направи две греши при 3:1 поразот. Германецот се приклучи на Ливерпул во 2016 година и веднаш стана прв голман пред Симон Мињоле. Потоа тој беше пратен на позајмица, две години во Бешикташ и уште една година во Унион Берлин, а лани беше дел од Ливерпул, без ниту еден настап за тимот, покрај Алисон Бекер, Каомин Келехер и Адријан.